• петок, 26 јули 2024

Герасимовски: Цистерната на ЈП ПОЦ започна и со ноќно миење на улиците

Герасимовски: Цистерната на ЈП ПОЦ започна и со ноќно миење на улиците

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - Цистерната на ЈП ПОЦ во Општина Центар покрај утринското миење сега започна и ноќно миење на улиците, соопшти денеска Општина Центар.

-На температури кои надминуваат 40 степени цистерната на ЈП ПОЦ освен наутро започна да ги мие улиците и навечер. Градоначалникот на Општина Центар смета дека освежувањето на жешкиот асфалт и миењето на прашината е исклучително важно за граѓаните и пешаците, а миењето во ноќните часови ја отстранува насобраната нечистотија и штетните бактерии и вируси особено покрај контејнерите кои на високи температури брзо се размножуваат. Вчера вечер цистерната ги миеше улиците Козара, на Водно и во населба Пролет, се наведува во соопштението.

Герасимовски, се наведува во соопштението, нагласува дека миењето на улиците е сериозно важно на овие екстремно високи температури затоа што ќе ја мие нечистотијата и вирусите и бактериите околу контејнерите, а воедно хигиеничарите секојдневно на различни локации собираат смет со цел да се одржува јавната хигиена, но и да се зачува здравјето на граѓаните особено на најранливите.

-Исто така, општинската организација Црвен Крст секој ден од 11 до 15 часот им дели вода на минувачите и граѓаните на автобуските станици. Заштитата на населението е примарна задача за Општина Центар затоа одржувањето на хигиената особено во најтоплите месеци ќе продолжи и во наредниот период, се вели во соопштението од Општина Центар. аан/ац/

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан