• сабота, 16 ноември 2024

Герасимовски: Новогодишни пакетчиња и убави желби за посреќна и повесела година

Герасимовски: Новогодишни пакетчиња и убави желби за посреќна и повесела година

Скопје, 27 декември 2023

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во пресрет на новогодишните празници подели новогодишни пакетчиња за децата во Дневниот центар за целебрална парализа, децата со интелектуална попреченост Пролет, во Националниот сојуз на глуви и наглуви, во Универзитетската клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле, Здружението Во мојот свет – здружение за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој како и за децата од Здружението на телесно инвалидизирани лица на Град Скопје.  

„Новогодишните празници носат посебна магија која на сите нас ни дава посебна среќа и радост. Но таа радост е уште поголема кога ќе ги видите насмеаните лица на дечињата кога ќе добијат новогодишно пакетче. Овие денови разменивме многу насмевки, убави желби и другарски пораки со дечињата кои ги посетивме во Клиничкиот центар, Универзитетската клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле и неколкуте здруженија. Им благодарам и на нашите пријатели од Веро Маркети, Кам Маркети, Рамстор, Тримакс, Ново Нордиск, Фешнгруп, , Комерцијална банка и Марвеј кои ги обезбедија пакетчињата и ги предизвикаа најубавите детски насмевки“, изјави Герасимовски, посакувајќи си подобри и повесели да се видат и наредната година.

Герасимовски утре ќе им подели пакетчиња и на децата во социјален ризик кои се во згрижувачки семејства како и на децата од градинките и училиштата.

Одделение за односи со јавност
Општина Центар - Скопје

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан