• среда, 25 декември 2024

Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се намали бројот на жртви

Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се намали бројот на жртви

Скопје, 16 ноември 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одржал работен состанк со  меѓуресорската работна група, составена од членови на МВР и Министерството за правда и професори од Правниот факултет во Скопје, која работеше на измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците.

-Овие измени се неопходни за целосна имплементација и ставање во функција на системот за електронско детектирање на сообраќајни прекршоци, познат како „Безбеден град“. Нашата визија е следејќи ги европските стандарди, да спроведеме целосна дигитализација на овој процес, така што ќе го исклучиме човечкиот фактор кој би овозможил избегнување на плаќање на казната. Системот автоматски ќе ги детектира, евидентира и процесира прекршоците, обезбедувајќи поголема ефикасност и ефективност, потенцирал Тошковски.

Како што соопшти МВР, министерот истакнал дека ставањето во функција на овој систем е еден од приоритетите на новата Влада, со единствена цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви. нд/

Фото: МВР

 

Остани поврзан