• петок, 08 ноември 2024

Генералниот директор на МААЕ пристигна во нуклеарната централа Запорожје

Генералниот директор на МААЕ пристигна во нуклеарната централа Запорожје

Москва, 7 февруари 2024 (МИА) - Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска пристигна во нуклеарната централа Запорожје, која се наоѓа на територијата на Украина под контрола на Русија.

Гроси дојде во седиштето, придружуван од претставници на мисијата на МААЕ и од руски војници.

Шефот на МААЕ изјави дека на локацијата има доволно бунари од кои нуклеарната централа Запорожје може да црпи вода за да ги обезбеди базените за ладење потрошено нуклеарно гориво.

Руските медиуми објавија дека имало ротација на тимот набљудувачи на МААЕ што агенцијата на ОН постојано ги стационирала во нуклеарната централа Запорожје.

Русија ја презеде контролата над најголемата нуклеарна централа во Европа откако започна целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година. Шесте нуклеарни реактори на централата во моментов се затворени. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан