• понеделник, 23 декември 2024

Гвардиола лут поради премногу натпревари: Ова е како НБА!

Гвардиола лут поради премногу натпревари: Ова е како НБА!

Лисабон, 4 ноември 2024 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, јавно го изрази своето незадоволство од набиениот распоред и се поголемиот број на натпревари од сезона во сезона.

Сити оваа сезона се мачеше со повреди. Пеп смета дека една од причините за овој проблем е преголемиот број на натпревари.

Тој неколку пати укажа на оваа аномалија на модерниот фудбал, а сега повторно проговори за тоа.

- Во минатото, во претходните сезони, игравме многу натпревари. Можеби кога одиме на Светското клупско првенство, ако стигнеме до финалната фаза, ќе одиграме повеќе од 70 натпревари - ја започна приказната Шпанецот пред натпреварот од четвртото коло од Лигата на шампионите против Спортинг во Лисабон.

Следуваше паралела со кошаркарската НБА лига.

- Тие 70 натпревари се како НБА. Но, во НБА лигата има четири месеци одмор, а овде имаме само три недели! Не е само оваа сезона, имаше и претходно. Кога е така, се случуваат повреди – додаде Гвардиола.

Да потсетиме, многу играчи на Сити се здобија со повреди од стартот на сезоната. Меѓу нив Рубен Диас, Мануел Аканџи, Нејтан Аке, Џон Стоунс, Кевин де Бруин, Родри...дс

Фото: Архива

Остани поврзан