Гаши: Непосредниот контакт со пратеникот е една од најважните работи во парламентарната демократија
- Непосредниот контакт со пратеникот е една од најважните работи во парламентарната демократија, истакна претседателот на Собранието Африм Гаши по денешната посета на канцелариите за контакт со граѓаните во Охрид, придружуван од охридските пратеници, Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа.
Охрид, 6 декември 2024 (МИА) - Непосредниот контакт со пратеникот е една од најважните работи во парламентарната демократија, истакна претседателот на Собранието Африм Гаши по денешната посета на канцелариите за контакт со граѓаните во Охрид, придружуван од охридските пратеници, Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа.
Избраниот пратеник, според него, најдобро е да се види со граѓаните, не само во изборни циклуси, туку и во текот на мандатот.
- Тоа е смисла на постоење на овие канцеларии секој петок пратенциите да можат да бидат во контакт со граѓаните. Ние како Собрание се обидуваме да не закажуваме седница, истакна Гаши.
Посочи дека ќе разговара со претседателките на Собраниските комисии да не закажуваат седници во петок и според Деловникот, денот да биде за контакт со граѓаните.
При посетата на канцелариите за контакт со граѓаните во Охрид, спикерот се информирал за интересот кај граѓаните за средби со пратениците, но и оти тие имале чести средби и надвор од канцелариите.
Претходно, претседателот на Собранието Гаши имаше средба со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на која бил информиран за начинот на функционирање на локалната власт.
- Како еден од најбитните проекти на актуелното раководство беше издвоено целосното раздолжување на Општината, која од втора најзадолжена на ниво на држава, во моментов има позитивно салдо. Стана збор и за останатите крупни проекти за кои во тек се постапките за градба, катна гаража, основно училиште, прочистителна станица кај село Трпејца, изградба на плоштадот „Крушевска Република“ и спортска сала во селото Лескоец, соопшти Општина Охрид.
Според информацијата, размениле мислење дека Охрид е посебна општина, најбитен туристички центар заштитен од УНЕСКО, кој одлично ја промовира државата во светот.
Работната посета во Охрид претседателот на Собранието Гаши ја заврши со посета на семејството Филеви, кое се занимава со изработка на Охридски бисери.сс/бт/
Фото: МИА, Општина Охрид