Вучиќ: Нема веќе оставки, РТС е полоша од ТВ Н1 и Нова
- „Тоа што го кажува обвинителството не значи ништо додека судовите не кажат нешто. Во морална и политичка смисла луѓето се однесуваа крајно одговорно“.
Белград. 21 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема да има повеќе оставки и дека надлежните органи ќе продолжат да си ја вршат својата работа. Во гостувањето на РТС ја обвини таа телевизија дека работи штетна и опасна работа. .
Тој оцени дека вештачењето за падот на бетонската настрешница во Нови Сад е направено надреално брзо и дека вештачењата за вакви случаи во светот траеле многу подолго.
„Тоа што го кажува обвинителството не значи ништо додека судовите не кажат нешто. Во морална и политичка смисла луѓето се однесуваа крајно одговорно“.
„Што се однесува до работата на обвинителството, немам право да се мешам во нивната работа, ниту можам да си дозволам вечерва. Не сакам да го правам тоа, ниту заради семејствата на жртвите, ниту затоа што би го прекршил Уставот на Република Србија, само се надевам дека тоа ќе помине без никакви поими за наводно малтретирање на јавноста“, рече Вучиќ во гостувањето на РТС.
Вучиќ додаде дека оставките се завршени и дека сега останува на надлежните органи да утврдат кривична одговорност за несреќата.
„Што се однесува до кривичната одговорност, нека го направат сосема слободно, нека уапсат уште пет, 10, 50, 150 луѓе, колку сакаат. Тоа е нивна работа. Ќе видиме што ќе кажат судовите на крајот“.
Тој додаде дека за првпат во историјата на Србија оставки поднеле двајца министри, иако не е лесно да се поврзат со настрешница и дека тоа е доказ за напредокот на општеството и степенот на одговорност.
Во интервјуто ги истакнал пријателските односи со Горан Весиќ, а ги нарече вредни двајцата уапсени, поранешната директорка на инфраструктурата на српските железници Јелена Танасковиќ и помошникот министер за железнички превоз Анита Димоски, но дека обвинителството го кажало своето.
Вучиќ тврди дека апсењата не се извршени под притисок на демонстрантите.
„РТС како сестринска телевизија на ТВ Н1 и Нова е виновна за тоа, спомнавте во вестите три собири на кои имало по 45 присутни.ФПН, Филозофски, Савски мост и Нови Сад каде се собирале насилници имало вкупно од 180 луѓе и не предизвикуваат групи за притисок со сестрински телевизии на криминалец и немаат ефект да се создаде впечаток дека има вонредна состојба“, рече Вучиќ и постојано повторуваше дека РТС е најлоша од сите, пренесе Бета. зш/