• петок, 27 декември 2024

Вучиќ : Позитивно дека Германија е за отворање на кластерот 3, Унгарија ќе закаже нов состанок

Вучиќ : Позитивно дека Германија е за отворање на кластерот 3, Унгарија ќе закаже нов состанок

Белград, 5 декември 2024 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Унгарија следната недела ќе закаже нов состанок за отворање на кластерот 3 во преговорите на ЕУ со Србија и дека е исклучително позитивно што Германија апсолутно е за отворање на тој кластер.
Им благодариме ако се ако го отворат Кластерот 3, благодарност и дури и ако не го отворат, важно е да продолжиме да се бориме и да разговараме со сите нив, изјави за РТС претседателот Александар Вучиќ за немањето согласност од членките на ЕУ за отворање нови поглавја во преговорите со Србија.

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ вчера не дадоа зелено светло за отворање на Кластерот 3, а претседателот вели дека Унгарија ќе закаже нова средба за следната недела и дека во тоа нема сомнеж.

На вчерашната седница против беа осум земји, три балтички земји, Шведска, Финска и Холандија, како и Хрватска и Бугарија.
„Исклучително позитивно е што Германија е апсолутно за отворање на кластерот 3, рече тој и им се заблагодари на Франција и Италија кои беа и остануваат за тоа.зш/

Остани поврзан