• недела, 13 октомври 2024

Врховниот суд на Иран ја поништи смртната казна на активистката за работнички права, Мохамади

Врховниот суд на Иран ја поништи смртната казна на активистката за работнички права, Мохамади

Техеран, 12 октомври 2024 (МИА) – Врховниот суд на Иран ја укина смртната казна на активистката за работнички права Шарифе Мохамади.

Нејзиниот адвокат истакна дека казната на Мохамади ќе биде преиспитана во ново судење.

Мохамади беше приведена во декември минатата година и оттогаш беше сместена во повеќе затвори. Револуционерниот суд во јули ја осуди Мохамади на смрт за вооружен отпор против Исламската Република.

Мохамади беше активна во одбрана на работничките права во иранската провинција Гилан. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан