• вторник, 15 октомври 2024

Најмалку 20 лица повредени во железничка несреќа во Египет

Најмалку 20 лица повредени во железничка несреќа во Египет

Каиро, 13 октомври 2024 (МИА) - Најмалку 20 луѓе се повредени во судир на локомотива и патнички воз во јужниот дел на Египет.

Судирот се случи во провинцијата Миња, 270 километри јужно од Каиро. По судирот два вагона паднале во блиската река.

Се испитува причината за железничката несреќа.

За еден месец тоа е втора железничка несреќа во Египет. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан