• вторник, 15 октомври 2024

ИДФ: Војската пресретна три проектила над израелска територија лансирани од Либан

ИДФ: Војската пресретна три проектила над израелска територија лансирани од Либан

Тел Авив, 14 октомври 2024 (МИА) - Израелската армија денеска соопшти дека три проектили преминале од Либан на израелска територија и дека сите биле пресретнати. 

-Израелски воени авиони го погодија лансирот од кој беа истрелани проектилите, истакнувајќи дека нема повредени, пишува „Тајмс оф Израел“. 

Милиони Израелци побрзаа во засолништата додека сирените се слушаа низ централен Израел како одговор на проектилите истрелани од Либан, соопшти војската.сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан