• понеделник, 14 октомври 2024

Виетнам и Кина ја интензивираат соработката

Виетнам и Кина ја интензивираат соработката

Ханој, 13 октомври 2024 (МИА) – Премиерите на Виетнам и на Кина, Фам Мин Чин и Ли Чијанг вчера во Ханој потпишаа 10 договори за соработка меѓу кои во сферата на земјоделството, одбраната и царината.

Фам побара од Кина да ја поттикне земјоделската трговија со Виетнам и да ги подобри царинските услуги на границата.

Премиерот на Виетнам исто така предложи двете земји да соработуваат на имплементација на потпишаните документи за железничката поврзаност, јави државната Виетнамска телевизија (ВТВ).

Кина е најголем трговски партнер на Виетнам, а во трите квартали од годината билатералната трговија забележа раст од 21 процент во споредба со истиот период минатата година и изнесува 148 милијарди долари.

Премиерот на Кина беше во тридневна посета на Виетнам, при што се сретна и со претседателот То Лам. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан