• петок, 23 август 2024

Вреј: САД во исто време се соочуваат со многу закани

Вреј: САД во исто време се соочуваат со многу закани

Вашингтон, 22 август 2024 (МИА) – САД се соочуваат со зголемени различни видови закани од многу земји во исто време, изјави директорот на ФБИ, Кристофер Вреј.

- Се грижам за комбинацијата на толку многу закани што се појавуваат одеднаш, со предизвиците со кои се соочуваат мажите и жените во спроведувањето на законот. И единственото нешто, според мене, што помага да се надминат овие два предизвика е партнерството. Тоа е начинот на кој се справуваме, со заедничка работа, посочи Вреј.

Тој веднаш по минатогодишниот напад на Хамас врз Израел предупреди дека тоа може да послужи како инспирација за милитантите, „како што не сме виделе откако Исламската држава го почна својот така наречен калифат пред години“.

ФБИ се бори и да одговори на безбедносните проблеми на јужната граница на САД, при што официјалните лица во јуни открија дека осум лица од Таџикистан наводно поврзани со ИД биле приведени поради нелегално преминување на границата.

ФБИ истражува и за странското странско мешање во изборите.

Вреј не наведе каква било конкретна истрага или закана, но истакна дека истрагите за кибернападите, вклучително и оние против изборна инфраструктура, кандидати или кампањи, бараат помош од приватниот сектор.

- На многу начини, вештачката интелигенција (ВИ) е најефективната алатка против лошите момци, кои ја користат ВИ. Значи, мораме тесно да соработуваме со индустријата за да помогнеме да се осигураме дека американската ВИ може да помогне во заштитата на американскиот народ од заканите со ВИ што доаѓаат од другата страна, посочи директорот на ФБИ. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан