• вторник, 20 август 2024

Вреди: Гаши се однесувал според прописите предвидени со закон и протокол за безбедност

Вреди: Гаши се однесувал според прописите предвидени со закон и протокол за безбедност

Скопје, 19 авхуст 2024 (МИА) - Коалицијата Вреди реагираше на тврдењата на дека претсеадтелот на Собранието Африм Гаши бил со службено возило на свадба на Ковосо, посочувајќи дека имајќи ја предвид неговата висока позиција и важноста од одржување на стандардите за безбедност и државен протокол, „Гаши се однесува според прописите предвидени со закон и протоколот за безбедност“.

-Оваа одлука е во согласност со вообичаената практика за високи службеници, со цел да се обезбеди заштита и непречено извршување на неговите обврски. Всушност, обезбедувањето на Претседателот на Собранието е должно да го следи секое негово движење. И во случајот со посетата во Косово, која стана тема од некои опозициони настроени медиуми, нема никако нарушување на овие стандарди и тоа може да се провери од сите заинтересирани страни, наведуваат од Вреди. 

Од коалицијата наведуваат дека во отсуство на политичка агенда и стравувајќи за своето минато, некои опозициски партии се обидуваат преку искривување на вистината, да манипулираат со јавноста дека се работи за некое кршење на предвидените стандарди.

-Сепак, Претседателот е посветен на целосна и транспарентна соработка за разјаснување на сите аспекти на тој настан, но и за секоја друга тема што ја засега јавноста, посочуваат од Вреди. ев/

ФОТО: Архива 

Остани поврзан