• среда, 25 декември 2024

Во Штип се планира поставување на неколку вендинг машини

Во Штип се планира поставување на неколку вендинг машини

Штип, 19 февруари 2024 (МИА) - Во центарот на Штип е поставена првата вендинг машина.

Комуналниот инспектор во Општина Штип Борче Везенков денеска изјави дека вакви машини е предвидено да бидат поставени во сите поголеми маркети во Штип, каде ќе се фрлаат пластични шишиња и алуминиумски лименки.

-Во преговори сме за поставување уште на три до четири машини во други маркети, што значи да се покријат сите маркети во градот и едноставно да почнеме со примарната селекција на отпадот. Со тоа што оваа година продолжуваме и со едукативните настани и децата ќе може на лице место да ја испробаат машината, вели Везенков.

Тој истакна дека изминатиот период имаа низа предавање низ градинките и училиштата  во Штип. Децата се запознени со начинот на складирање на отпад, а тоа сега може да го прават и на лице место со употреба на вендинг машината.

За користење на вендинг машината граѓаните треба да имаат на мобилните телефони инсталирано програма, преку која со секое фрлено шише може да собираат бодови и со нив да пазаруваат во некој од маркетите.

-Се складира само пластични шишња и алуминиумски лименки. Има упатство како тоа функционира со кој дел се ставаат во машината, лицето треба да има акаунт, односно сметка на фирмата на „Пакомак“ со тоа што собира бодови и потоа со тие бодови може да пазари нешто од тој маркет, додава Везенков.

МИА претходно информираше дека за подобрување на комуналната хигиена во градот ќе се постават и подземни контејнери, а тендерската постапка веќе е завршена. вдј/мд/

 Фото: МИА

Остани поврзан