Без вода утре дел од улицата „Славејко Арсов“ и висока зона на Пржино
- Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување со работните активности.

Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - Без вода за пиење утре ќе останат дел од корисниците од улицата „Славејко Арсов“ и високата зона на Пржино, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.
Според информацијата од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради промена на затворач ф-200 мм на улицата „Славејко Арсов“.
- Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и висока зона од населбата Пржино, односно зградите над 4-ти кат. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување со работните активности, се наведува во соопштението на РЦУК - Скопје. бд/дма/
Фото: МИА архива