• сабота, 23 ноември 2024

Во Штип се инвестира во тротоари, катна гаража и улици

Во Штип се инвестира во тротоари, катна гаража и улици

Штип, 12 јули 2024 (МИА) - Во тек е изградба на тротоарите на улицата „11 Октомври“ во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов кој денеска изврши увид во градежните работи истакна дека за уредување на тортоарските површини и поставување на павер елемeнти издвоени се еден милион денари, од буџетот на Општина Штип.

-Улицата „11 Октомври“ е во завршна фаза со поставување на тортоарски површини и павер елементи. Повеќе од еден милион денари се одвоени за да се уредат тортоарските површини, ова се активности кои ги превзема локалната самоуправа на повеќе локации. Моментално вршиме увид на улицата „11 Октомври“, но, се работи и на други позиции во градот, рече Јорданов.

Посочи дека во моментов градежни активности има и на улицата „Широк дол“со поставување на рабници и реконструкција на тортоарски површини, реконструкција и доуредување на влезови во станбени згради во населба 8 Ноември. Во текот на утрешниот ден се очекува и финализирање на катната гаража која се наоѓа кај стоковната куќа „НАМА“. вдј/сст/

Фото: МИА 

Остани поврзан