• сабота, 23 ноември 2024

Во Турција уапсени стотици војници за наводна поврзаност со Ѓулен

Во Турција уапсени стотици војници за наводна поврзаност со Ѓулен
Анкара, 26 април 2021 (МИА) – Турското обвинителство нареди апсење на 532 осомничени луѓе, меѓу кои и 459 воени лица, во операција против луѓе поврзани со Фетула Ѓулен за кој Анкара тврди дека стои зад обидот за државен удар во 2016 година. Истрагата била спроведена во 62 провинции како дел од акција против мрежата на Ѓулен. Повеќе од 250 лица беа убиени во неуспешниот пуч во јули 2016 година, а Ѓулен негира секаква вмешаност. Обвинителството во Истанбул нареди апсење на 258 осомничени лица, вклучително и четворица полковници, потполковник, девет мајори и 24 капетани. Обвинителите во западниот турски град Измир побараа притвор за 274 лица, кои исто така се претежно воен персонал. После обидот за државен удар, околу 80.000 луѓе беа приведени до очекување на судење, а околу 150.000 државни службеници, воен персонал и други беа отпуштени или суспендирани. Од турската армија биле протерани повеќе од 20.000 луѓе. јт/

Остани поврзан