• вторник, 17 декември 2024

Во Турција пораст на бројот на заразени од коронавирус, Ердоган најави нови мерки

Во Турција пораст на бројот на заразени од коронавирус, Ердоган најави нови мерки
Анкара, 26 август 2020 (МИА) - Во Турција бројот на заразени со коронавирус се зголеми за 1.502 случаи за еден ден, што е  најмногу од средината на јуни, според податоците на Министерството за здравство, поради што Владата ќе воведе нови мерки за запирање на ширењето на болеста. Министерот за здравство Фахретин Коџа напиша на Твитер дека починале уште 24 лица, со што вкупно досега во земјата има 6.163 смртни случаи од Ковид-19. Претседателот Реџеп Таип Ердоган најави дека државните институции сега ќе можат да применат „флексибилни услови за работа“, како што е работа од дома. Ова беше објавено синоќа во претседателскиот декрет, во кој се наведува дека се преземаат чекори за запирање на епидемијата во земјата. Претходно, Министерството за внатрешни работи соопшти дека одредени собири, прослави, свадби и ангажмани се забранети. Во 14 провинции, венчавките ќе можат да траат само еден час, при што забрането танцување и друга забава. паг/

Остани поврзан