ОН: Околу 80.000 тони храна подготвена за испорака на помош во Газа
- По најавата за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, Светската програма за храна на ОН (WFP) повика на неограничен пристап за испорака на итно потребната храна и помош во регионот.

Тел Авив. 16 јануари 2025 (МИА) - По најавата за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, Светската програма за храна на ОН (WFP) повика на неограничен пристап за испорака на итно потребната храна и помош во регионот.
Според WFP, околу 80.000 тони храна чекаат надвор од Газа или се на пат, што е доволно да се прехранат повеќе од милион луѓе за три месеци.
Според податоците на ОН, повеќе од 90% од 2 милиони жители во Појасот Газа страдаат од глад. Недостига и вода за пиење, засолништа за итни случаи и лекови.
„Примирјето носи надеж, но ни треба неограничено движење на хуманитарни тимови и материјали за да стигнеме до оние на кои им е потребна“, се вели во објавата на WFP на X. зш/