• петок, 08 ноември 2024

Во третото тримесечје од 2023 година вкупно превезени над 11 милиони патници 

Во третото тримесечје од 2023 година вкупно превезени над 11 милиони патници 

Скопје, 24 ноември 2023 (МИА) – Во третото тримесечје од годинава во патниот, железничкиот и воздухопловниот сообраќај во земјава вкупно се превезени 11.202.904 патници од кои 941.000 патници во патниот патнички превоз, 9.190 000 во градско-приградскиот, 56.000 во железничкиот и 1.015.904 патници во воздухопловниот превоз.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во патниот патнички превоз вкупно се превезените 941.000 патници од кои 749.000 се превезени во националниот, а 192.000 во меѓународниот превоз. Во градско-приградскиот превоз се превезени  9.190 000 патници, а во железничкиот превоз се превезени 56.000 патници – сите во националниот превоз. 

Во воздухопловниот превоз, пак, вкупно се превезени  1.015.904 патници од кои од македонските аеродроми полетале 484.096 во редовниот и 35.031 патник во чартер сообраќајот. Во земјава во вој период слетале 458.271 патник во редовниот и 38.506 патници во чартер сообраќајот.

Во третото тримесечје годинава во споредба со истиот период лани за 35,7 отсто е зголемено  

количеството на превезената стока во товарниот патен превоз, во железничкиот превоз е намалено за 32, а во воздухопловниот превоз е зголемено за 23 отсто.вј/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан