• четврток, 24 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ЈКП Шар - Тетово ја заврши реконструкцијата на филтер станица, ќе има поголем капацитет за прочистување на речната вода

ЈКП Шар - Тетово ја заврши реконструкцијата на филтер станица, ќе има поголем капацитет за прочистување на речната вода

Тетово, 23 јуни 2025 (МИА) - Јавното претпријатие за водовод и канализација Шар – Тетово соопшти дека е завршена целосната реконструкција на филтер станицата од новиот водоснабдителен систем во близина на село Лисец. Според нивните информации, работите се извршувале во период од една година за овој објект за кој посочуваат дека е од клучно значење за снабдувањето со вода за пиење на градот Тетово во зимскиот период.

-Овој проект, кој се спроведуваше во период од една година, вклучуваше темелна техничка реконструкција и стандардизирани подобрувања, поточно замена на целата техничка мрежа, целосно сервисирање на сите филтри, ставање во функција на сите единици за филтрирање, замена на сите вентили во системот за филтрирање, информираат од ЈКП Шар.

Според надлежните од оваа служба, резултат на реконструкцијата ќе биде зголемување на количините на вода за пиење за потребите на градот кои се преземаат од планинските реки.

-Благодарение на овие интервенции, капацитетот за филтрирање е зголемен од 80 литри вода во секунда на 200 литри во секунда, со што значително се подобрува снабдувањето со вода за пиење за жителите на Тетово во најчувствителните периоди од годината, информираат од јавното претпријатие.

Вредноста на инвестицијата изнесува 1,5 милиони денари и е целосно реализирана од сопствениот буџет на ЈП „Шар“.ас/вј/

Фото: ЈКП Шар 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан