• сабота, 26 октомври 2024

Во тетовска Брвеница се одржа 14. Републички натпревар во табла за лица со телесен инвалидитет

Во тетовска Брвеница се одржа 14. Републички натпревар во табла за лица со телесен инвалидитет

Тетово, 25 октомври 2024 (МИА) - Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност" Тетово и Гостивар денескa во Брвеница го организираше редовниот годишен Републички натпревар во табла за лицата со телесен инвалидитет.

На ова 14-то издание учествуваа 16 учесници од повеќе градови, членови на здруженијата при Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија".

- За жал оваа година имавме одредени проблеми поради кои не учествуваа членови од четири града, но натпреварот помина одлично. Победи Ванчо Каранфилов од Скопје. Второто место му припадна на Димче Паунов, додека Виктор Димитриески се пласира на трето место, изјави Велибор Јаќимовски, претседател на Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност" Тетово и Гостивар.

Победникот на натпреварот ја посвети наградата на негов пријател, постхумно.

- Јас трофејот го ќе посветам на еден наш пријател Марко од Гевгелија, постхумно, кој за мене беше најдобриот мајстор во табла, рече годинешниот победник на натпреварот, Ванчо Каранфилов.

Учесниците велат дека ваквите активности се одлични за запознавање и дружење со лица со телесен инвалидитет од цела Македонија. 

- Не е важно кој ќе победи, кој ќе изгуби, важна е дружбата. Ние доаѓаме од Кочани, а има екипи од повеќе градови и задоволство е да се учествува на овој натпревар, кој Здружението „Мобилност" го организира секоја година, рече Горан Војновски.

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар има евидентирано повеќе од 850 члена. ас/цр

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан