• понеделник, 23 декември 2024

Во Тетово се одржа работилница „Препознавање и одговор на говорот на омраза“

Во Тетово се одржа работилница „Препознавање и одговор на говорот на омраза“

Тетово, 25 јануари 2023 (МИА) - Во просториите на Уметничката галерија Тетово денеска се одржа работилница на тема „Препознавање и одговор на говорот на омраза“, во организација на Мисијата на ОБСЕ во земјава.

На оваа работилница присуствуваа министерот за надворешни работи и претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи и шефот на Мисијата на Организацијата во Скопје, Килијан Вал.

Според Османи, целта на оваа работилница е да се подигне свеста кај младите за толеранција и прифаќање на различностите врз етничка основа, полова, поради друга религија и друг јазик. Тој смета дека омразата се учи или стекнува поради околината и оти не е нешто со што луѓето се раѓаат.

Средношколци изработија слики со теми и различни пораки против говорот на омраза, додека предавачи на работилницата беа полицајци, обучени од ОБСЕ. Присутни беа и претставници на Општина Тетово и од повеќе институции. ас/бд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан