• среда, 17 декември 2025

Почна реконструкцијата на локалниот пат Бујковци - Мршевци

Почна реконструкцијата на локалниот пат Бујковци - Мршевци

24 јуни 2025

Продолжува градежната експанзија во Општина Илинден, денес започна реконструкција на локалниот пат Бујковци – Мршевци.

Во рамки на проектот ќе се реконструира и санира локалниот пат во должина од над 1000 метри. Со градежните работи покрај реконструкција на коловозот и асфалтирање, предвидено е поставување на ново лед осветлување во должина од 400 метри, како и поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација предвидена по сообраќаен проект.

Увид во градежните работи на овој значаен патен правец денеска направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека со реконструкцијата се овозможуваат подобри услови за граѓаните со што значително ќе се придонесе за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот.

Дополнително градоначалникот додаде дека изградбата на овој локален пат е дел од проектите кои ги финансира Владата, а средствата за реализација се 60% од Владата на РМ и 40% од Буџетот на Општина Илинден.

Локалната самоуправа и во наредниот период останува посветена на реализација на проектите кои се во фаза на реализација но и отпочнување на нови проекти со цел квалитетни и современи услови за живот на сите граѓани.

Општина Илинден

____________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан