Во тек е целосна реконструкција на училиштето во велешко Башино Село
- Во тек е целосна реконструкција на училиштето во Башино Село, кое е подрачно на ООУ „Панко Брашнаров“ од Велес, каде настава се изведува од прво до петто одделение

Велес, 21 јули 2025 (МИА) - Во тек е целосна реконструкција на училиштето во Башино Село, кое е подрачно на ООУ „Панко Брашнаров“ од Велес, каде настава се изведува од прво до петто одделение.
Градоначалникот на општина Велес Марко Колев и пратеникот Игор Здравковски изминатиот викенд направиле увид во градежните работи. Оваа инвестиција е вредна над 3,5 милиони денари. Заедно со добиениот проект од Општината, а одобрен од Владата изминатата недела за уредување на влезот на Башино Село од фирмата „ ЕНМОН“ до чешмата на сред Башино Село во висина од 16,7 милиони денари, за жителите на ова населено место се сумира инвестиција од над 20 милиони денари за многу краток рок.
Тој информира дека дополнително на барање на жителите овие денови ќе се почне и бетонирање на улицата, од чешмата надолу до трансформаторот над „Сокара Папаз“ во висина од 5 милиони денари. ад/мд/
Фото: Фејсбук