• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во текот на ноќта се очекуваат пообилни и интензивни врнежи од дожд на целата територија на земјата

Во текот на ноќта се очекуваат пообилни и интензивни врнежи од дожд на целата територија на земјата

Скопје, 27 март 2025 (МИА) - Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) известува дека вечерва и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата, при што во одредени делови врнежите ќе бидат пообилни и со интензивен карактер. Воглавно коритата на реките не се исполнети со вода и имаат простор за примање на новите врнежи, но се очекува зголемување на водостојот на сите реки низ земјава.

Во западните делови на земјата се очекува значително покачување на водостоите и полнење на речните корита. Исто така, според дел од нумеричките модели за прогноза, и во источните и југоисточните делови на земјата можно е да има интензивни врнежи од дожд (претежно за време на ноќта и утрешниот ден) што ќе услови зголемување на водостоите.

Поради можноста од појава на обилни и интензивни врнежи во одредени делови на земјата можни се и појави на одрони и свлечишта, како и можни проблеми во дел од градските населени места. Се предупредува на претпазливо движење покрај реките и суводолиците. ев/са/

ФОТО: Архива 

Остани поврзан