• петок, 27 декември 2024

Во Судот на БиХ продолжува судењето на Додик за „непочитување на одлуките на Шмит“

Во Судот на БиХ продолжува судењето на Додик за „непочитување на одлуките на Шмит“

Бања Лука, 5 декември 2024 (МИА) - Пред Судот на Босна и Херцеговина во Сараево денеска ќе продолжи судењето на претседателот на Република Српска Милорад Додик и вршителот на должноста директор на „Службен хералд“ Милош Лукиќ за „непочитување на одлуките на Кристијан Шмит“.

Денешното рочиште требаше да се одржи на 26 ноември, но беше одложено поради официјалниот престој на Додик во Австрија.

Бранителот на претседателот на Српска, Горан Бубиќ изјави дека одбраната ќе ги изнесе доказите кои следат по доказите на Обвинителството на БиХ. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан