• четврток, 20 февруари 2025

Во Србија продолжува акцијата на ЈО за откривање и процесуирање на корупцијата, на мета денеска се 50 фирми низ државата

Во Србија продолжува акцијата на ЈО за откривање и процесуирање на корупцијата, на мета денеска се 50 фирми низ државата

Белград, 19 февруари 2025 (МИА) -  Припадници на даночната полиција и на Внатрешната служба за приходи, по наредба на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Белград, влегле во повеќе од 50 фирми во различни градови во Србија за да извршат проверка на нивната деловна активност. Акцијата е во рамки на кампањата за откривање и гонење на корупциски злосторства, утринава, јави РТС. Според медиумот кој се повикува на добро упатени извори, во моментов под лупа се над 50 фирми, а во наредните денови ќе се вршат контроли во уште поголем број фирми низ Србија. зш/

Остани поврзан