• петок, 21 февруари 2025

Во Собранието средба во пресрет на Меѓународниот ден на жената: Поттикнување на вистинска и одржлива рамноправност

Во Собранието средба во пресрет на Меѓународниот ден на жената: Поттикнување на вистинска и одржлива рамноправност

Скопје, 18 февруари 2025

Генералната секретарка, Марина Димовска, оствари средба со пратеничките од Клубот на пратенички, во пресрет на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, 8-ми март. традиционална активност има за цел да ја поттикне дебатата и да ги промовира напорите за унапредување на рамноправноста во сите сфери на општествениот живот. Собранието секоја година организира пленарна седница посветена на ова прашање, како дел од своите активности за промоција на правата на жените и рамноправноста.

Активноста е и дел од стратешките цели предвидени во Акцискиот план за унапредување на родовата еднаквост на Собранието на Република Северна Македонија за периодот 2025-2027, усвоен од Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Генералната секретарка Димовска, при своето учество на средбата, нагласи дека оваа тема не е само важна за жените, туку и за целото општество. Таа истакна дека само преку заеднички напори на жени и мажи можеме да постигнеме вистинска и одржлива рамоправност. Во таа смисла, Генералната секретарка ја подвлече потребата за интегриран пристап во решавањето на овие прашања и истакна дека Собранието активно работи на создавање на услови за позитивни промени во оваа област. 

На средбата беа дефинирани конкретни активности и иницијативи кои ќе се реализираат по повод 8-ми март, кои ќе ги охрабрат институциите и јавноста да ја зајакнат поддршката за рамноправност. 

Собрание на Република Северна Македонија 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан