• четврток, 20 февруари 2025

Во САД уапсен лидерот на Зизијанците

Во САД уапсен лидерот на Зизијанците

Вашингтон, 18 февруари 2025 (МИА) – Во американската сојузна држава Мериленд уапсен е лидерот на сектата Зизијанци, Џек ЛаСота под обвинение за повеќекратни убиства, меѓу кои и полицаец на граничната служба во Вермонт.

ЛаСота (34) познат по прекарот Зиз е уапсен заедно со членовите на сектата, Мишел Зајко и Даниел Бленк.

ЛаСота се поврзува си убиството на 80-годишен човек кој пролетва требаше да сведочи против Зиз поради насилен напад. Тој е обвинет и за попречување на истрагата за убиството на родителите на приведената Зајко.

Зиз е обвинет и за престрелка со агентите на граничната патрола во Вермонт, при што загина еден полицаец и една припадничка на сектата, германска државјанка.

Во август 2022 година, беше објавен некролог во кој се наведува дека ЛаСота, програмер по професија, загинал во несреќа на пловење. Но, подоцна се појавува под истото име, но се идентификува како жена. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан