• понеделник, 30 септември 2024

Во Прилеп приведено лице барано со потерница

Во Прилеп приведено лице барано со потерница

Скопје, 29 септември 2024 (МИА) - На плоштадот „Методија Андонов Ченто" во Прилеп вчера во 17.30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.Е.(30) од Прилеп, кој бил баран со потерница по издадена судска наредба од Основен суд Прилеп.

МВР денеска соопшти дека Н.Е. бил баран за издржување казна затвор во траење од една година. Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа  Затвор Битола. цр/хс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан