• вторник, 24 декември 2024

На 4 октомври застарува затворската казна на Груевски за набавката на „мерцедесот“

На 4 октомври застарува затворската казна на Груевски за набавката на „мерцедесот“

Скопје, 30 септември 2024 (МИА) - На поранешниот премиер Никола Груевски на 4 октомври годинава му застарува двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, кој се однесува за набавката на луксузниот „мерцедес“. Груевски на 4 октомври 2018 година беше правосилно осуден, така што на 4 октомври годинава поминуваат шест години, што е законски предвидениот рок за застарување на одлежувањето на казната.

Според Кривичниот законик, како што објави Призма, застареноста на извршувањето на казната настапува кога ќе помине двапати онолку време колку што е потребно за застарување на делото, а во случајот на Груевски, рокот за застареност изнесува два пати по три години.

Во случајот „Тенк“ си Груевски осудени беа и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска - четири години и поранешнииот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски - четири и пол години, кои веќе ги одлежаа своите казни.

„Мерцедесот“, пак, сè уште се користи за официјални делегации, потврдува директорот на СОЗР, Ивица Томовски.

На Груевски му преостанува да одлежи една и пол година затвор за случајот „Насилство пред Општина Центар“, која му застарува за три години, односно во 2027 година, како и девет години затвор за случајот „Плацови на Водно“, дело кое што му застарува во 2043 година.

Претходно на Груевски му застареа делата во предметите „ТНТ“ и „Траекторија“, а останува обвинет уште во предметите Титаник“ и „Талир“. аа/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан