• вторник, 20 август 2024

Во пожар изгоре куќа на повозрасни жители од делчевското село Тработивиште

Во пожар изгоре куќа на повозрасни жители од делчевското село Тработивиште

Делчево, 18 август 2024 (МИА) - Во делчевското село Тработивиште денеска се расчистуваат остатоци од куќата на двајца повозрасни жители на селото И.О. и П.О. , која ноќеска по полноќ изгоре во пожар.

Пожарот во ОВР Делчево бил пријавен на 18.08.2024 во 00:30 часот, а истиот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево.

Лицата кои биле затекнати во куќата, која била зафатена од пожарот за среќа не биле повредени.

Увид на местото на настанот извршила полициска екипа која работи на утврдување на причините за пожарот. вс/вг/


Фото: МИА

Остани поврзан