Во Охрид се одржува Симулациска вежба за размена на информации во реално време
- Преку меѓусебна соработка и со поддршка на Министерството за внатрешни работи и на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во Охрид се одржува „Симулациска вежба за размена на информации во реално време“
Охрид, 14 септември 2021 (МИА) – Преку меѓусебна соработка и со поддршка на Министерството за внатрешни работи и на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во Охрид се одржува „Симулациска вежба за размена на информации во реално време“ за регионот на Западен Балкан.
Помошник директорот на Одделот за униформирана полиција во Бирото за јавна безбедност Шефик Бајрами, пред почетокот на вежбата истакна дека МВР во рамки на своите надлежности, остварува полициска соработка со службите за спроведување на законот на земјите од Западен Балкан и пошироко, преку сите меѓународни и регионални канали на полициска соработка.
- Секторот за меѓународна полициска соработка при Министерството за внатрешни работи учествува во координирање и спроведување на активностите со странските криминалистички полициски служби и меѓународните организации, во борбата против организираниот криминал, тероризмот и другите видови сериозен криминал. Преку своите активности, Секторот за меѓународна полициска соработка учествува во размена на оперативни информации и сите расположливи информации обезбедени преку учество во проекти, операции, работни групи, билатерална размена на информации, достапни меѓународни бази на податоци, ги споделува со надлежните оперативни организациони единици во МВР и други органи надлежни за спроведување на законот во Република Северна Македонија, со што се зајакнува борбата против криминалот. Исто така, се разменуваат и информации добиени од националните единици со странските надлежни институции, рече Бајрами.
Извештајот за начинот на размена на информации во реално време што ќе произлезе од симулацијата, а ќе го изготват претставниците на проектот за борба против сериозен криминал ИПА2019о иднина треба да идентификува добрите пракси и да ги посочи областите каде што е потребно подобрување, во насока на поголема безбедност и сигурност на граѓаните. аб/фф/