• сабота, 23 ноември 2024

Во Охрид вечерва и утревечер проекции на летното кино со автомобили

Во Охрид вечерва и утревечер проекции на летното кино со автомобили

Охрид, 8 јули 2024 (МИА) – Во рамки на настаните од шестото фестивалско издание на Алтернативното културно-забавно лето организирано од „Културолошка Иницијатива 5 до 12“, вечерва и утревечер во Охрид  започнуваат проекциите на летното кино со автомобили „Summer Drive-in Cinema“.

Организаторите ги повикуваат вљубениците во седмата уметност да отпатуваат назад во времето, преку летното кино со автомобили.

„Придружете ни се на овие две ноќи под отворено небо, да ги проследиме едни од најдобрите македонски филмови во моменти на топла носталгија и уште потопли свежи пуканки“, порачуваат од „Културолошка Иницијатива 5 до 12“.

Според програмата денеска на програмата е филмот македонскиот филм „Те дуа, жими мене“, од ланската филмска продукција, во режија на Марјан Гавриловски, додека утре ќе се прикажува филмот „Ефектот на среќа“ од 2019 година во режија на Борјан Зафировски. 

Влезот во кругот на поранешната охридска касарна каде ќе се одржуваат проекциите ќе биде отворен од 20, а проекциите започнуваат во 21 часот. Билетите чинат 500 денари по автомобил. аб/нд/

фото/плакат

Остани поврзан