• недела, 29 септември 2024

Во Неготино се реконструира фекална мрежа на улиците „Владо Арсов Шпанац“ и  „Ацо Аџи Илов“

Во Неготино се реконструира фекална мрежа на улиците „Владо Арсов Шпанац“ и  „Ацо Аџи Илов“

Неготино, 17 јули 2024 (МИА) - Се реконструира фекалната мрежа на улиците „Владо Арсов Шпанац“ и „Ацо Аџи Илов“ во Неготино. Градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов денеска информираше дека согласно договорот склучен меѓу Вод-вар инженеринг ДООЕЛ Скопје и Општина Неготино, започнаа градежни активности за реконструкција на фекалната канализација на овие две улици во градот. 

- Градежните работи се однесуваат на реконструкција на фекалната линија од фекалната канализација на потегот од улицата „Владо Арсов Шпанац“ до улицата „Ацо Аџи Илов“ согласно основниот проект изработен од Астрекс ДООЕЛ Скопје. За вршење на надзорот на градежните работи се задолжени од Студио Архивисион од Скопје, соопшти градоначалникот. 

Стојанов нагласи дека со континуираната комунална изградба се подобруваат состојбите во урбаните, но и руралните средини во општината. свд/мд/


Фото: Фејсбук на градоначалникот Горан Стојанов

Остани поврзан