Во морскиот дел во близина на Крит спасени 53 мигранти
- Во морскиот дел на 17 наутички милји јужно од местото Кали Лименес на грчкиот остров Крит утрово биле лоцирани и спасени 53 мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 10 октомври 2024 (МИА) – Во морскиот дел на 17 наутички милји јужно од местото Кали Лименес на грчкиот остров Крит утрово биле лоцирани и спасени 53 мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што информираа од крајбрежната служба на Грција, мигрантите се превезувале во чамец, а биле преземени од брод за спасување на службата и пренесени на пристаниште на Крит. ср/рп/