• петок, 26 јули 2024

Во Министерството за одбрана досега не се разгледувала никаква можност за задолжителен воен рок

Во Министерството за одбрана досега не се разгледувала никаква можност за задолжителен воен рок
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - Армијата на Република Северна Македонија е целосно професионална Армија и досега нема никакви планови, ниту консултативни процеси за враќање на задолжителното служење воен рок, информираа денеска од Министерството за одбрана. Одлуката за професионална војска, наведуваат од МО, ќе продолжи да се применува, истовремено исполнувајќи ги сите обврски на државата кои произлегуваат од членството во Алијансата. - Министерството за одбрана е институција во која секој професионалец има право, можност, но и обврска да го каже својот став и истиот да биде слушнат. Ако постои интерес во јавноста, Министерството е отворено да дискутира за секое прашање, вклучително и ова, се вели во соопштението од МО. цр/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан