• сабота, 22 март 2025

Во КПУ Затвор Куманово се наоѓаат 12 лица осомничени за трагичниот настан во Кочани

Во КПУ Затвор Куманово се наоѓаат 12 лица осомничени за трагичниот настан во Кочани

Куманово, 22 март 2025 (МИА) - Двајца поранешни градоначалници на Кочани се наоѓаат во казнено-поправната установа Затвор Куманово, информираа денеска надлежните од затворот.

- Во моментот, во КПУ Затвор Куманово се наоѓаат дванаесет лица осомничени за трагичниот настан во Кочани. Помеѓу нив се и двајца поранешни градоначалници на Кочани, информираа од затворот.

Вчера, ЈОРСМ информираше дека Основното јавно обвинителство Кочани донело наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле-тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. ам/цр


Фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан