• недела, 21 јули 2024

Во Киев продолжи снабдувањето со вода и електрична енергија

Во Киев продолжи снабдувањето со вода и електрична енергија
Киев, 1 ноември 2022 (МИА) - Снабдувањето со вода и електрична енергија е обновено низ Киев по руските напади кои предизвикаа големи прекини, изјави денеска градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко.
„Снабдувањето со вода и електрична енергија е целосно обновено“, напиша Кличков на Телеграм.
Руското Министерство за одбрана претходно ги потврди ракетните напади врз енергетски капацитети на Украина, како и врз воени инсталации, извршени со прецизни проектили истрелани од авиони-бомбардери и од воени бродови.
Нападите предизвикаа прекин на водоснабдувањето на 80 отсто од населението на Киев, каде 350.000 домови исто така останаа без струја. паг/
   

Остани поврзан