Телефонски разговор Фон дер Лајен - Бајден: „Партнери, пријатели и сојузници“
- Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска телефонски разговараше со американскиот претседател Џозеф Бајден.
Брисел, 21 јули 2024 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска телефонски разговараше со американскиот претседател Џозеф Бајден.
Фон дер Лајен на социјалната мрежа „Х“ напиша дека ЕУ и САД се соочуваат со заеднички предизвици во Европа, Блискиот Исток и Индо-пацифичкиот регион.
Таа изјави дека Брисел и Вашингтон се „партнери, пријатели и сојузници“.
Белата куќа и честиташе на Фон дер Лајен за нејзиниот нов петгодишен мандат на чело на Европската комисија. мс/
фото: ЕПА/„Х“