• петок, 27 декември 2024

Во Каталонија во прекин железничкиот сообраќај поради обилен дожд

Во Каталонија во прекин железничкиот сообраќај поради обилен дожд

Мадрид, 4 ноември 2024 (МИА) – Во Барселона во прекин е железничкиот сообраќај поради обилниот дожд, а неколку автопатишта во областа се затворени.

Наставата е прекината во Тарагона, јужна Каталонија откако беше издаден црвен аларм за дожд.

Граѓаните добија предупредување преку СМС пораки за „екстремен и континуиран“ дожд.

Пред една недела обилните дождови предизвикаа поплави во областа Валенсија, каде загинаа над 200 луѓе. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан