• петок, 26 јули 2024

Во Кавадарци јавен повик за доделување шпорети на плин во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот"

Во Кавадарци јавен повик за доделување шпорети на плин во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот

Кавадарци, 17 јули 2024 (МИА) - Во Кавадарци во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот" е објавен јавен повик за доделување 30 шпорети на плин, со цел подобрување на квалитетот на воздухот, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук. 

 - Здружението за  одржливо  управување  со  природните  ресурси  „Тиквешија“,  објавува  повик  за доделување  на  30  енергетско  ефикасни  шпорети, што имаат  цел  да  се  намали загадувањето  од  домаќинствата  што  се  добива  при  приготвување  на  разни традиционални видови на храна и пијалоци, појасни тој. 

Во повикот се наведува дека енергетско-ефикасни шпорети претставуваат класични шпорети во кои се вградени плински бренери за приготвување на храната со што се намалува загадувањето, се скратува времето за приготвувањето и олеснета е работа.

Проектот „Справување со загадувањето на воздухот" го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица, финансирана од Шведска. свд/вг/


Фото : МИА архива 

Остани поврзан