Во Иран минатата година зголемен бројот на смртни казни за 75 проценти
- Иранската група за човекови права со седиште во Норвешка (ИХР) и групата Заедно против смртната казна (ЕЦПМ) со седиште во Франција соопштија дека во Иран лани се извршени 582 смртни казни
Техеран, 14 април 2023 (МИА) - Иранската група за човекови права со седиште во Норвешка (ИХР) и групата Заедно против смртната казна (ЕЦПМ) со седиште во Франција соопштија дека во Иран лани се извршени 582 смртни казни.
Тоа е најголем број погубувања во Иран од 2015 година, а за 75 отсто повеќе со споредба со 2021 година, се наведува во заедничкото соопштение на ИХР и ЕЦПМ.
Се оценува дека зголемениот број смртни казни се со цел да се уплашат демонстрантите против режимот.
Најголемиот број смртни казни, најмалку 544 се извршени над лица обвинети за убиство и за кривични дела поврзани со дрога.
Смртната казна во Иран се извршува со бесење. ми/
фото: МИА архива