Во затворот во Штип пронајдени мобилни телефони, ладно оружје, пари, психотропни супстанции и недозволени материи
- Во координирана акција организирана од Управата за извршување санкции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство денеска во затворот во КПД Штип пронајдени се мобилни телефон

Скопје, 28 јуни 2022 (МИА) - Во координирана акција организирана од Управата за извршување санкции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство денеска во затворот во КПД Штип пронајдени се мобилни телефони, ладно оружје, пари, психотропни супстанции и недозволеми материи, информираат од Министерството за правда.
Акцијата е реализирана во раните утрински часови од 6 до 9 часот.
- При претресот во затворските простории пронајдени се 11 мобилни телефони, пет ножа, пет шрафцигери и 23 500 денари кај едно лице. Во една соба се пронајдени и кеси со прихотропни супстанции и недозволени материи, се вели во соопштението од МП.
Акцијата во КПД Штип, како што информираат, е дел од координираните акции во казнено-поправните установи кои ќе следат во наредниот период.
- Секое именувано лице доколку стори кривично дело, злоупотреба на службената положба, ќе сноси одговорност. Никоја нема да биде поштеден од одговорност. Ова е почеток на она што може да претставува афирмација и соодветна реакција на девијантните појави, се вели во соопштението од Министерството за правда. аа/са/