• петок, 27 декември 2024

Во западна Сирија во тек е операција против милициите кои го поддржуваат Асад

Во западна Сирија во тек е операција против милициите кои го поддржуваат Асад

Дамаск, 26 декември 2024 (МИА) - Сириските безбедносни сили спроведуваат операција во западниот дел на земјата против милициите кои го поддржуваат соборениот претседател Башар ал Асад, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на државната новинска агенција.

Операцијата е во тек во западната провинција Тартус, населена со малцинството на Алаутите, од каде што потекнува Асад, кој беше соборен на 8 декември од бунтовничките групи.

За време на воените дејствија, „голем број членови на вооружени групи“ лојални на Асад „биле неутрализирани“, соопшти агенцијата, која прецизираше дека целта на операцијата била „да се врати безбедноста, стабилноста и граѓанскиот мир“ во крајбрежната провинција.

Невладината организација Сириска опсерваторија за човекови права соопшти дека за време на денешната операција биле убиени три лица и прецизира дека жртвите биле борци „лојални на претходниот режим“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан