Во Демир Хисар премиера на драмската претстава „Одам на лов“ од Жорж Фејдо во режија на Благој Николов
- Актери од Драмско студио при Дом на култура „Илинден"-Демир Хисар, вечер премиерно ќе ја изведат претставата „Одам на лов“ од Жорж Фејдо.
Демир Хисар, 8 април 2023 (МИА) - Актери од Драмско студио при Дом на култура „Илинден"-Демир Хисар, вечер премиерно ќе ја изведат претставата „Одам на лов“ од Жорж Фејдо.
Станува збор за комедија во три чина, чиј режисер е Благој Николов, проект поддржан од Министерството за култура и Општина Демир Хисар.
Во Домот на културата „Илинден“ пред љубителите на театарската уметност ќе настапат Бранко Србиновски, Диме Бошевски, Александра Василевска, Мери Пупучевска, Мартин Давидовски, Борче Стојановски, Драге Велевски и Маја Наловска.
Почетокот на драмската претстава „Одам на лов“ е закажан за 19:30 часот. мт/аа/
Фото: Општина Демир Хисар