• сабота, 23 ноември 2024

Во Делчево отпочна проектот за развој на советувалишна и советодавна тераписка работа со маргинализирани групи

Во Делчево отпочна проектот за развој на советувалишна и советодавна тераписка работа со маргинализирани групи

Делчево, 31 октомври 2024 (МИА) - Во Делчево отпочна проектот за развој на советувалишна и советодавна тераписка работа со маргинализирани групи, со посебен акцент на лицата со попреченост и родители. Во рамки на проектот во текот на вчерашниот ден се одржа работилница со интердисциплинарниот тим, како прва од низата работилници кои ќе следуваат во наредниот период од 6 месеци.

Како што информираше координаторот на проектот Сузана Петровска се работи за комплексен проект кој во наредниот период ќе се реализира во соработка со Невладината организација Бравура Кооператива и Општина Делчево.

-Во тој интердисциплиниран тим учествуваат стручните соработници од училиштатата, основните и средните училишта во нашиот град, Детската градинка, Центарот за социјални работи, Агенцијата за вработување и др. Морам да ги спомнам и Невладините организации, кои се доста значајна алка во тој синџир на соработка, така да интердисциплинарниот тим ни е подготвен за работа и за развој на услугата која веќе ја спомнав, истакна Петровска.

Понатаму како што додаде, ќе следат низа работилници со родители на лица со попреченост, со членови на Совет и на крај е планирана работилница со бизнис секторот.

-После завршување на проектот, потребно е Невладините организации да се јават на повикот за лиценцирање на Невладините организации за развој на услугата Советуваишна и советодавна тераписка работа. Се надеваме дека во наредната година веќе ќе имаме комплетирано уште една услуга покрај услугите кои моментално ги ииамем а тоа е грижа во домот. Веќе две невладини организации се лиценцираа за таа услуга, така веќе ќе имаме наредната година три невладини организации кои ќе работат на полето на социјалата заштита и на развој на услугите во нашиот град, додаде Петровска.

Интенциите и на Mинистрството и на општината како што посочи е развојот на социјалните услуги полека да се пренасочи кон Невладините организации, кои што ќе треба да формираат свој тим и ќе работат токму на тие услуги, а понатаму Невладините организации ќе склучат Управен договор со Центарот за социјални работи, се со цел услугата да тече непречено.

За социологот и проефесор Весна Димитровска, се работи за содржаен проект посветен на една специфична категорија на деца.

-Ова е нешто со кое се сретнуваме секојдневно, барем оние кои сме дел од работилницата и институции кои треба да водиме грижа за нивна бебзедност здравје, чување и унапредување. Работилницата има прекрасни цели, кои сметам дека ќе бидат остварени низ континуиран број на работилници. Ги добивме воведните информации и причините зошто е предвидено да се направат такви работилници, после долготрајно истражување направено од релевантни лица. Она што може да го кажеме е дека категоријата на вакви дечиња се повеќе се зголемува, за жал и притоа заедницата не треба да молчи и мислам дека сме на вистинскиот пат да им се пружи рака и на дечињата и на нивните родители, додаде Димитровски.

Проектот за развој на советувалишна и советодавна тераписка работа со маргинализирани групи, со посебен акцент на лицата со попреченост и родители финансиски е поддржан од Мрежата на заедница на локалните самоуправи од Југоисточна европа - НАЛАС, ГИЗ и ЗЕЛС како партнери во проектот. вс/сст/


Фото: МИА
 

Остани поврзан