• недела, 25 август 2024

Во Делчево започна Меморијалниот турнир во мал фудбал „Филип Стоичов“

Во Делчево започна Меморијалниот турнир во мал фудбал „Филип Стоичов“
Делчево, 10 август 2022 (МИА) - Во Делчево започна Меморијалниот турнир во мал фудбал „Филип Стоичов“. На турнирот, како што информираа организаторите, учествуваат 12 екипи кои се поделени во две групи, по што ќе следува разигрувањето за првите три места. -Турнирот е во чест на нашиот другар, брат и пријател кој беше вистински вљубеник во спортот и турнирот е најмалку што можемe да направиме за него. Екипите веќе ги започнаа натпреварите, има доста силна конкуренција. Задоволни сме од посетеноста и веруваме дека така ќе биде и во наредните денови, истакна еден од организаторите Александар Стоичов. За најдобрите три екипи како што додаде се обезбедени награди, како и спортска опрема за сите учесници. -Учеството е бесплатно, а наградите се во висина од 500, 400 и 300 швајцарски франци. Благодарност до сите спонзори кои помогнаа во реализацијата на овој прв Меморијален турнир, додаде Стоичов. Турнирот ќе трае до 16 август 2022 година, а натпреварите се играат на спортското игралиште „Ванчо Прке“. вс/цр

Остани поврзан